Серија А

Мурињо првпат загуби како тренер на Рома (ВИДЕО)

Рома со 3-2 загуби на гостувањето кај Верона, ова беше прв пораз на Жозе Мурињо на официјален меч за римскиот клуб, Лацио се спаси од пораз против Каљари, мечот заврши 2-2. 

Заврши победничката серија на Жозе Мурињо како тренер на Рома, по шест последователни победи на официјални мечеви, пораз.
 
Верона го промени тренерот и на чело со Игор Тудор веднаш дојдоа до првата победа оваа сезона.
 
Натпреварот почна одлично за Рома, во 36. минута Пелегрини со прекрасен гол со пета донесе водство од 1-0.
 
Следуваше луд вовед во второто полувреме. Барак во 49. минута изедначи на 1-1, а Капари пет минути подоцна погоди за комплетен пресврт и водство на Верона од 1-0.
 
Во 58. минута автогол на Илиќ за израмнување на 2-2, но Фарони веќе во 63. минута го врати водството на Верона со спектакуларен гол.
 
До крајот на мечот јалови беа нападите на Рома за избегнување на првиот пораз оваа сезона.
 
Блиску до пораз беше и Лацио, тој на домашен терен одигра 2-2 против Каљари.
 
Имобиле пред крајот на првото полувреме донесе водство за Лацио, но Жоао Педро во првата минута од вториот дел изедначи на 1-1.
 
Во 62. минута Балде постигна гол за водство на Каљари од 2-1, Каталди на седум мимнути до крајот ги постави конечните 2-2.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе