Не можеше да одолее и мораше да ги пецне „кралевите“

Мурињо провоцира: Кога ќе имам 5 минути, ќе ја ѕирнам веб-страницата на Реал да видам што пишале за Бејл

Жозе Мурињо не можеше да одолее и мораше да упати провокација до Реал Мадрид откако Герет Бејл го постигна својот прв гол по враќањето во Тотнем и донесе триумф од 2-1 над Брајтон.

Велшанецот минатата сезона не играше многу во Реал Мадрид, во последните мечеви дури и се глупираше на трибините, па „кралевите“ му дозволија да се врати во Тотнем на позајмица.

Герет Бејл синоќа го постигна својот прв гол во дресот на „спарси“ и донесе победа од 2-1 против Брајтон, па Жозе Мурињо не можеше да одолее и мораше да упати провокација.

„Мило ми е што постигна гол, Бејл го заслужи ова. Кога ќе имам 5 минути време ќе отворам Сафари и ќе ја ѕирнам веб страната на Реал Мадрид да видам што пишале“ – вели Португалецот.

„Претходно не се чувствуваше баш најдобро, програмата која му ја одредивме на тренинзите беше тешка, телото му се мачеше малку, но мораше да помине низ овој процес и му дадовме се што му е потребно. Мислам на спортска наука, медицина, моја помош, помош од другите играчи па среќен сум што токму тој донесе победа“.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе