ПОРТУГАЛЕЦОТ ВО СВОЈ СТИЛ

Мурињо почна со психолошка војна: Ајакс не треба да биде во финале од Лига Европа!

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо уште сега ја започна психолошката војна и вели дека Ајакс требал да биде дома наместо во Лига Европа

„Црвените Ѓаволи“ во среда веројатно го играат најважниот натпревар во сезоната, во Стокхолм се среќаваат со Ајакс во финалето од Лига Европа.

Манчестер јунајтед со триумф во второто по ранг европско натпреварување брка настап во Лигата на шампионите.

Па Жозе Мурињо започна со неговата препознатлива психолошка војна.

Португалецот истакна дека Ајакс воопшто не требал да биде во Лига Европа бидејќи сезоната ја започнал во Лигата на шампионите, и по елиминацијата во групната фаза, клубот од Холандија требал да се збогува со настапот во Европа.

Тие дојдоа од Лигата на шампионите, јас сум против ова“ - вели Португалецот.

„Мислам дека еден тим не треба да игра во две различни европски натпреварување во една сезона“.

„Требаше да си одат дома, не треба да имаат опција да играат во Лига Европа“.

„Лига Европа е за тимови кои играат од стартот, како нас. Завршивме петти минатата сезона, па играме Лига Европа“.

„Од почетокот играме во Лига Европа и водевме тешки битки за да бидеме во финале“.

Референдумот во Дојран во недела е поделикатен од оние во Гевгелија, Богданци и Валандово, зашто отворањето рудник во Казандол може да го кутне во уште потешка агонија eзерото кое е прогласено за споменик на природата. 

повеќе

Во Франција, пред, по и за време на Втората светска војна, пушењето, особено француски марки цигари, било чин на патриотизам. 

повеќе

Не постојат „повисоки интереси" од типот на членството во Европската Унија или НАТО алијансата за кои вреди да се прават потценувачки компромиси.

повеќе