Португалецот вели дека во моментов Мадрид не е опција за него

Мурињо побара поголема почит по гласините за враќање во Реал: Не зборуваме за било кој тренер, зборуваме за Зидан!

Жозе Мурињо побара поголема почит по гласините за негово враќање во Реал Мадрид, вели дека тоа не e опција во моментов бидејќи „кралевите" имаат тренер, и тоа не било кој тренер, туку Зинедин Зидан.

Французинот пред крајот на минатата сезона се врати на Сантијаго Бернабеу да го гасне пожарот откако Реал Мадрид редеше катастрофални резултати, најпрво под водство на Хулен Лопетеги, а потоа и со Сантијаго Солари на кормилото.

Ова лето беа потрошени преку 300 милиони евра за реконструкција на составот, но повторо нешто не штима. Во средата, Реал Мадрид загуби на гостувањето кај ПСЖ со 3-0, и не загрижува само резултатот, туки и играта. „Кралевите“ за прв пат оваа декада одиграа натпревар на кој не упатиле ниту еден удар во рамките на голот.

Па полека почнаа да кружат гласини дека Зинедин Зидан ги потрошил кредитите заработени со трите титули во Лигата на шампионите, па може брзо да добие отказ. Се шпекулира со неколку имиња како негови наследници, а најчесто се споменува Жозе Мурињо.

Во разговор со Депортес Кватро, „специјалниот“ ги прокоментира ваквите стории и порача дека враќање во Реал Мадрид не е опција во моментов.

„Има два типа на гласини. Едните се однесуваат на иднината на Зидан, кој е еден од нас и не боли тоа што нашиот тим не игра добро. Тој е долги години во фудбалот, знае како функционираат работите и дека ова е сосема нормално. Вториот вид на гласини се оние кои го поврзуваат моето име со Реал, и мене тоа не ми се допаѓа“ – вели Португалецот.

„Не би сакал да се вратам бидејќи тие имаат тренер, и јас не можам да превземам тим кој има тренер. Не треба да покажете почит само кон клубот, треба да покажете почит и кон тренерот. И во овој случај не се работи за било кој тренер, се работи за Зинедин Зидан.  Во моментов јас не сум опција, Сс надевам дека работите ќе се вратат на прав пат и ќе се најде решение за сегашната ситуација“.

„Еден ден ќе се вратам крај аут линијата. Не знам кога, но ќе се вратам. Во недела за Скај ќе го работам преносот од мечот на Челси. Уживам во ова бидејќи можам да понудам различна перспектива. Одам и на часови по германски, во случај еден ден да ми притреба овој јазик“ .

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе