Сензационална шпекулација од Англија

Мурињо по трет пат ќе биде тренер на Челси?

Англиските медиуми пишуваат дека Жозе Мурињо би можел да биде наследникот на Маурицио Сари на кормилото на Челси.

„Мирор“ објавува сензационална вест, Мурињо би можел по трет пат да стане тренер на Челси.
 
Мурињо прв пат дојде во Челси во 2004 година, и тогаш два пати по ред ја освои Премиерлигата со сините, но беше отпуштен во 2007 година. Португалецот на Стемфорд Бриџ се врати во 2013 и му донесе нова титула во Премиерлигата на Челси, но при крајот на 2015 доби отказ.
 
Но, англиските медиуми сега го ставаат во кандидатите за наследник на Сари кој треба да биде нов тренер на Јувентус.
 
Мурињо се уште живее во Лондон, тој е во потрага по нов клуб, а Челси ќе треба да бара нов тренер.
 
Како опција за Мурињо се споменува и Њукасл откако клубот ќе биде преземен од новите богати сопственици, шекот Калед бин Зајед Ал Нехајан кој е подготвен сериозно да инвестира во клубот.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе