МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД

Мурињо по победата над Саутемптон ја спомна и Македонија

На прес конференцијата по синоќешната минимална победа на гостувањето кај Саутемптон, стратегот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо ја спомна и Македонија.

Манчестер јунајтед синоќа гостуваше на југот од Англија. Фудбалерите на Жозе Мурињо победија, но не одиграа добар натпревар, а Португалецот за тоа го обвини топлото време.
 
Запрашан зошто неговиот тим не беше на нивото од минатите натпревари, Мурињо рече:
 
„Времето беше прекрасно. Дури и ако тренираме во 11, 12 или 15 часот во Манчестер, никогаш немаме вакво време. Сериозно. Последен пат вакво време имавме во Лос Анџелес, па потоа во Македонија“.
 
Фановите на Манчестер јунајтед имаат проблем со сонцето:
 
 
Интересен беше одговорот на Мурињо и на прашањето зошто беше исклучен пред крајот од мечот:
 
„Не знам. Крег ми рече да заминам и заминав. Дали побарав објаснување? Не. Тој ми рече да заминам и заминав“.
 

Дипломатијата е уметност невозможното да го направите возможно (Ш.-М. Талеиран).

повеќе

Односите меѓу Грција и Македонија се на клучна точка, вели Катимерини и со ѕвездички дообјаснува дека употребата на терминот „Македонија“ е на авторот и дека не го одразува ставот на весникот. Сепак се чини ова е првпат грчкиот весник да нè напише со уставното име.

повеќе

И ако граѓаните или Владата очекуваа дека Јункер на Заев ќе му даде покана со датум за влез на Македонија во ЕУ, тогаш живееме во илузии.

повеќе