„Специјалниот“ имал добар однос со Аргентинецот

Мурињо откри зошто Марадона му се јавувал само после порази и што му кажувал

Жозе Мурињо вели дека ќе му недосигаат телефонските повици од Диего Марадона, откри дека Аргентинецот често му се јавувал после пораз и го храбрел.

Светот на фудбалот тагува, синоќа почина Диего Марадона, еден од најголемите фудбалери во историјата.

„Го имате Марадона и го имате Диего. Не треба да зборувам за Марадона бидејќи целиот свет добро знае кој е тој и никогаш нема да го заборави. Но Диего е сосема друга приказна, го знаат само неговите пријатели, луѓето кои делеле соблекувална со него и колегите“ – вели Жозе Мурињо.

„Можам да кажам дека ми беше добар пријател иако најчесто разговаравме преку телефон. Имаше големо, големо, големо срце. Ќе ми недостига токму овој човек. Секогаш кога ќе ни недостига неговиот фудбал, ќе отвориме Гугл и ќе најдеме видеа. Но Диего нема да можеме да го најдеме“.

„Денеска на момците им раскажував приказни од времето кое го поминавме заедно и ќе ми недостига овој човек. Особено ќе ми недостигаат неговите телефонски повици. Ми се јавуваше само после пораз, никогаш после победа“.

„Знаеше дека не ми треба повик после победа, знаеше дека треба да ме слушне во тешки моменти. Ќе се јавеше и ќе речеше, „Мурињо, немој да заборавиш, ти си најдобар“. Секогаш беше таков“,

„Ќе ми недостига Диего“.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе