Португалецот го даде првото интервју по отказот од Тотнем

Мурињо откри кога планира да му се врати на фудбалот и каква понуда чека

Жозе Мурињо за прв пат проговори по отказот од Тотнем, во интервју за Тајмс Магазин, Португалецот навести дека ќе направи пауза од една година.

„Специјалниот“ ја прекина соработката со Тотнем на 19. април, веднаш доби неколку понуди но големи се шансите следната сезона да не биде покрај аут линијата.

Во интервју за Тајмс Магазин, прво по отказот од „спарси“, Жозе Мурињо вели: „Свеж сум, спокоен, имам нормален живот, во моментов сум на одмор и немам никакви планови“.

„Мислам дека ќе почекам за да му се вратам на фудбалот, следната сезона ми делува прерано. Не само што треба да добијам понуда од прав клуб, и културата треба да биде идеална“.

Жозе Мурињо можеби ќе почека за да седне на клупата на некој клуб, но нема да биде без работа во следните месеци. Тој ќе работи како стручен коментатор за ТокСпорт на ЕВРО 2020, а ќе пишува и колумни за Сан и Тајмс.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе