„Специјалниот“ бара идеален проект

Мурињо одбил уште една понуда, му кажал НЕ на Лион зошто сака да се врати во Премиерлигата

Жозе Мурињо имал понуда да стане нов тренер на Лион но Португалецот го одбил предлогот со оправдување дека сака да се врати на „островото" и да превзеде клуб од Премиерлигата.

„Специјалниот“ е без работа од декември минатата година кога доби отказ од Манчестер јунајтед. На негова адреса пристигнаа неколку предлози, меѓу кои и понуда од Кина да стане најплатен тренер во историјата, но тој ги одби сите. 

Според пишувањата на Радио Монте Карло, Жозе Мурињо оваа недела добил нов предлог, првиот човек на Лион, Жан Мишел Ола го контактирал Португалецот и му го понудил испразнетото тренерско столче. 

Жозе Мурињо се заблагодарил за интересот, но одговорил негативно со оправдување дека сака да се вати на „островото“ и да превзеде клуб од Премиерлигата. 

Останува да се види каква ќе биде иднината на „специјалниот“, неодамна тој се споменуваше како една од опциите на Тотнем во случај Маурисио Покетино да стави крај на авантурата.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе