Ривалството продолжува

Mурињо: Нормално дека Венгер нема да ме спомене во книгата, никогаш не ме победил!

Жозе Мурињо има едноставно објаснување зошто неговото име не е спомeнато во книгата на Арсен Венгер, вели дека Французинот никогаш не се радувал на победа против него па немал за што да пишува.

Жозе Мурињо и Арсен Венгер имаа големо ривалство кое за малку ќе креираше тепачка покрај аут линијата во октомври 2014. Сепак, во книгата на Французинот ниту еднаш не беше споменато името на Португалецот.

Арсен Венгер синоќа го образложи изоставувањето на „специјалниот“ и рече: „Не сакав да напишам книга во која ќе решавам некои нерешени сметки. Сакав да биде позитивна книга, и онака имав повеќе битки со Сер Алекс Фергусон отколку со Жозе Мурињо“.

На оваа тема денеска беше запрашан и Жозе Мурињо, а тренерот на Тотнем даде едноставно објаснување.

„Не ме спомна ниту еднаш бидејќи никогаш не ме победи. Нема да напишете поглавје за 12 или 14 натпревари на кои не сте победиле, па зошто да пишува за мене во книгата? Кога пишувате книга, го правите тоа за да бидете среќни, да бидете горди, па перфектно ја разбирам ситуацијата“ – одоговори „специјалниот“.

Арсен Венгер всушност има две победи над Жозе Мурињо, но му беа потребни дури 14 обиди за прв пат да добие меч против Португалецот, тоа се случи во 2015, на натпревар од Комјунити Шилд.

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе