Португалецот допрва ќе прави анализа за македонскиот тим

Мурињо: Не знам ништо за Шкендија, но ќе биде тешко во Македонија

Жозе Мурињо по вчерашната победа во Пловдив, вели дека допрва ќе ја анализира Шкендија но бидејќи се игра само еден натпревар свесен е дека може да биде тешко во Скопје. 

Во четврток Шкендија ќе го пречека Тотнем, Жозе Мурињо по втор пат ќе дојде во Скопје.
 
Синоќа Тотнем многу потешко од очекувањата го совлада Локомотив во Пловдив со 2-1, па Мурињо очекува отпор и од Шкендија.
 
„Не знам ништо за Шкендија, но знам дека ќе биде опасно во Македонија, се работи за еден меч, мора да работиме напорно за да ги оствариме нашите цели. Пред нас е еден маратон од натпревари, играме со Саутемптон, па Лејтон, а потоа ќе одиме во Македонија“, вели Мурињо.
 
Тотнем за седум дена ќе треба да одигра четири натпревари, густиот распоред може да допринесе за ротации во тимот на Мурињо иако Португалецот сериозно ја сфаќа Лига Европа и кога веќе се игра само еден меч јасно е дека во Скопје ќе настапи со најсилниот тим.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе