Тотнем

Мурињо: Не можам да зборувам за Бејл, но тој знае какво е моето мислење за него

На денешната прес-конференција по повод мечот на Тотнем во квалификациите од Лига Европа, Жозе Мурињо одговараше и на прашања за Герет Бејл. 

Мурињо е фан на Герет Бејл, Португалецот призна дека сакал да го донесе во Реал Мадрид кога тој бил тренер таму, а го сакаше и додека беше во Манчестер јунајтед.
 
На денешниот прес Португалецот не сакаше многу да зборува за можноста да го добие Бејл во Тотнем.
 
„Герет Бејл е фудбалер на Реал Мадрид. Не коментирам за играчи на други клубови. Не можам да коментирам. Не е моја работа да имам контакти со агенти. Не сакам да коментирам за тоа“, беше одговорот на Мурињо, но прашањата за оваа тема не запираа.
 
Тој беше запрашан дали би сакал да го има Бејл во својот состав: „Не коментирам за хипотетички работи. Тој е фудбалер на Реал Мадрид и треба да го почитувам тоа“.
 
„Се обидов да го донесам во Реал Мадрид додека бев таму, но тогаш беше невозможно. Но претседателот го следеше мојот инстикт и моето знаење па го купи по моето заминување“.
 
„Не е тајна дека имам високо мислење за Бејл, мислам дека и самиот Герет го знае тоа“.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе