Тотнем

Мурињо: Нашата стратегија ја направи разликата, моите фудбалери беа фантастични

Жозе Мурињо е среќен поради победата над ривалот Манчестер Сити, има пофалби за своите фудбалери за кои вели дека ги исполниле сите негови замисли и затоа ги освоиле трите бода. 

Тотнем со 2-0 го победи Манчестер Сити. Тактиката на Мурињо беше дефназивна, но ефективна, на крајот неговиот тим освои три многу важни бодови во битката за висок пласман.
 
„Фудбалерите беа фантастични, дадоа се од себе. Тие ја следеа стратегијата и тоа беше клучно. Беа неверојатни“, вели Мурињо.
 
„Беше важно да му дадеме почит на Манчестер Сити, да не заборавиме каков тим се тие. Доколку велевме дека тие не се добри како што биле, доколку ја следевме табелата која дава лажна слика, тие имаат и меч помалку, тогаш ќе игравме на друг начин. Но Сити е фантастичен тим, ти загубија против тим кој денеска одигра стратешки многу добро против нив, но Сити е Сити“.
 
„Се разбира, треба да постигнете гол за да победите, ние немавме многу шанси. Потребен ви е и голман кој имаше клучни одбрани во клучни моменти, но знаевме дека тие ќе ја имаат повеќе топката, но бевме комфорни со тој начин на игра бидејќи знаевме како треба да играме“.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе