Португалецот го прокоментира ремито на Олд Трафорд

Мурињо: На Клоп не му се допадна менито, сакаше месо, доби риба

Жозе Мурињо вели дека е среќен поради тоа што Ливерпул не го победи Манчестер јунајтед на Олд Трафорд. 

Манчестер јунајтед ја прекина победничката серија на Ливерпул во Премиерлигата оваа сезона откако одигра 1-1 на Олд Трафорд.
 
„На Клоп не му се допадна менито, сакаше месо, а доби риба“, изјави Мурињо за „Скај Спортс“.
 
„Тие сакаат да играат против противник кој им дава да прават шанси на контра напади. Се разбира, Јунајтед со лимитираноста која ја имаат во моментов играше друг вид на игра“.
 
„Тие се обидоа да им ја запрат транзицијата, секогаш играа со тројца централни дефанзивци во позиција, секогаш компактни. На Ливерпул не му се допадна тоа мени“.
 
„Ливерпул не знае да игра против низок блок. Морам да кажам дека навистина сум среќен што не победија поради рекордот кој е мој, а не нивни“. (Мурињо со Челси има девет победи по ред на стартот на сезоната 2005-2006).
 
„Тие можат да го прегазат противникот кој игра на начинот на кој тие сакаат да игра. Јурген јасно дека беше фрустриран. Олд Трафорд е посебно место на кое Ливерпул сака да победи, но тој никогаш не успеал во тоа“.

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе