Откако Арсенал го тролаше Тотнем на фејсбук

Мурињо му врати на Арсенал: Уживате во проблемите на другите само тогаш кога и вие исто сте во неволја

Жозе Мурињо во свој стил го возврати ударот на Арсенал кој преку социјалните мрежи го тролаше Тотнем за поразот на гостувањето кај Шефилд јунајтед. 

Арсенал лесно и убедливо го совлада Шефилд јунајтед на негов терен во ФА Купот, за разлика од нив на истиот терен Тотнем загуби во Премиерлигата.
 
На официјалниот фејсбук профил на Арсенал беше постирано видео од нивниот меч против Шефилд јунајтед со статус: „Не е лесно да се победи Шефилд јунајтед на Брамл лејн“.
 
Со оглед на тоа дека тие лесно го направија тоа, многумина ваквиот пост го сфатија како тролање на Тотнем. Па Мурињо беше запрашан и што мисли за тоа.
 
„Доколку тие беа на врвот во лигата или се бореа за топ четири со добра позиција на табелата, немаше да уживаат во проблемите на другите“, вели Жозе Мурињо.
 
„Уживате во проблемите на другите само тогаш кога и вие исто сте во неволја“.
 
„На крајот тоа зборува повеќе за нив, тие немаат многу што да прославуваат, па ја користат секоја можност да го направат тоа. Тие се во многу слична ситуација на нас на табелата“.
 
„Не сакам да го поврзувам клубот со некој пост или твит. Можеби грешам, можеби сум во право, но личноста која го направила тоа, го направила на своја рака. Не верувам дека Микел Артета го постирал тоа, не верувам дека Џака или друг капитен го направил тоа“.
 
„Веројатно тоа е некое момче од дома, кое три месеци работи од дома“.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе