Португалецот направи споредба

Мурињо: Мора да работиме на дефанзивата, овој тим на Тотнем не е како мојот од Реал Мадрид

Оваа сезона Тотнем ја почна изненадувачки ефикасно, но Мурињо вели дека тие сè уште не се блиску до тимот на Реал Мадрид со кој рушеше рекорди во Примера. 

Тотнем постигна 31 гол на нивните последните девет натпревари во сите натпреварувања, тандемот Хари Кејн и Хеунг Мин Сон изгледа импресивно.
 
Мурињо кога ја освои Примера со Реал Мадрид, неговиот тим таа сезона постигна неверојатни 121 гол, имаше 100 бода и примено 32 голови.
 
И покрај импресивниот напад, Мурињо не е задоволен од играта во одбраната, начинот на кој загубија бодови од Њукасл, а особено од Вест Хем, покажува дека овој тим на Тотнем сè уште не е блиску до тој на Реал Мадрид.
 
„Во Реал Мадрид имав неверојатни офанзивни фудбалери и требаше да ја градиме играта на тимот на тој начин“, вели Мурињо.
 
„Треба да бидам искрен и да речам дека и тука имаме многу добри офанзивни играчи но ни треба стабилност во тимот, ни треба стабилност во дефанзивата, тимот да почувствува дека таа е солидна со што ќе се зголеми самодовербата. Потребно ни е да го најдеме балансот“.
 
„Ајде да речеме дека тоа е тимска работа, не индивидуална. Треба да можеме да играме со сите тие офанзивни фудбалери и потоа тимски со сите да бидеме подготвени да се организираме дефанзивно, да не му дадеме простор на противникот“.
 
„Јасно е дека треба да напредуваме во некои детали во играта во одбраната“.
 

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе