Во пресрет на лондонското дерби

Мурињо: Лесно е да се освојуваат шампионски титули со Челси, јас освоив трипати, освои Анчелоти, освои Конте...

Жозе Мурињо вели дека Челси е таков клуб кој ти овозможува да освојуваш титули, а тоа го покажува блиската историја.

Вечерва Тотнем го пречекува Челси кој ќе гостува со новиот тренер, Томас Тухел. Жозе Мурињо во два наврати беше тренер на сините и со нив трипати ја освои Премиерлигата.

Португалецот знае дека во клубови со големи трансфер буџети полесно се освојуваат титули.

„Не мислам дека е многу тешко да се биде тренер на Челси бидејќи јас со нив бев шампион трипати, Анчелоти беше шампион, Антонио Конте беше шампион. Не може да е многу тешко, бидејќи ние освојувавме титули таму“, вели Мурињо.

„Верувам дека Челси има одлични фудбалери и одлични состави и тренерите се среќни да работат во такви клубови со играчи кои ви даваат шанса да бидете успешни и да освојувате титули“.

Но, Роман Абрамович е сопственик кој не трпи подолг период на лоши резултати, тоа го почувствувал Мурињо, а го почувствуваа и сите кои работеа таму, последен беше Френк Лампард.

„И се разбира, на тренерот му е потребно време и стабилност, многу добра работа е кога ќе почувствувате стабилност“.

„Не велам дека стабилноста ви помага да спиете, туку велам дека стабилноста ви дава различен начин на размислување, не мислите само на денес, туку исто така мислите и на утре, на иднината“.

„Така е како што е. Тоа е клуб на г-дин Абрамович и треба да разберете дека тој ги носи одлуките“.

„Во мојот случај, јас таму бев во два различни периоди, и бев шампион во два различни периоди и среќен сум што бев таму и што ја имав таа шанса“.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе