Португалецот раскажува

Мурињо: Кога Арнаутовиќ дојде во Интер, ми рече дека е подобар од сите напаѓачи кои ги имам, а ги имав Ибрахимовиќ, Адриано...

Жозе Мурињо се потсети на Марко Арнаутовиќ кој беше во Интер во првата година на Португалецот таму и не остави некои посебен впечаток.

Како дел од гостувањата на „ТокСпорт“ за време на ЕП, Жозе Мурињо по случаен избор добива да раскаже за некој од своите поранешни играчи. Овој пат еден од трите кои му се паднаа беше Марко Арнаутовиќ.

Марко Арнаутовиќ на 18 години пристигна во Интер на позајмица од Твенте, одигра вкупно три натпревари, и по една сезона си замина.

Мурињо се присетува на доаѓањето на Арнаутовиќ кога тој му рекол дека е подобар од сите напаѓачи на Интер, а во тој момент таму биле Ибрахимовиќ, Адриано, Креспо...

„Мојот технички директор во Интер, Марко Бранка дојде со тој фудбалер кој го следел, го донесе од Холандија, Арнаутовиќ тогаш имаше 18 години“, раскажува Мурињо.

„Кога Бранка го донесе, ние имавме тренинг. Тие стоеа покрај теренот и на сред тренинг јас одлучив да отидам до кај нив и да се поздравам“.

„Во тоа време, во мојата прва сезона во Интер мои напаѓачи беа Ибрахимовиќ, Адриано, Креспо и Жулио Круз“.

„Отидов до Бранка и Арнаутовиќ, се поздравивме, разменивме неколку зборови и Марко ми рече: „Г-дине, јас сум подобар од сите нив“.

„Ибрахимовиќ, Адриано, Ернан Креспо и Жулио Круз - Марко со 18 години бил подобар од сите нив!“.

„Тоа е Марко. Беше дете со неверојатна самодоверба, беше среќен, многу емоционален, сладок, тој беше се што сакате да имате во една група“.

„Сите го сакаа. Се случуваше да има некои лоши емоционални испади, но беше неверојатно дете, сега е неверојатен фамилијарен човек“.

„Тој сега е тотално различен во поглед на неговиот живот надвор од теренот, но се уште е Марко“.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе