„Специјалниот“ прешкртал неколку имиња

Мурињо ќе прави чистка по срамниот пораз во Норвешка, на продажба одат ПЕТ фудбалери!

Медиумите од Италија пренесуваат дека Жозе Мурињо прешкртал неколку играчи по срамниот пораз од Бодо/Глимт во Конференциската Лига, на продажба ќе бидат ставени пет фудбалери.

Жозе Мурињо има преку 1.000 натпревари како тренер и синоќа беше понижен како никогаш претходно. Рома на гостувањето кај Бодо/Глимт беше поразена со 6-1, па „специјалниот“ прв пат во својата кариера прими шест гола.

По крајот на натпреварот, тој рече дека имал лимитиран состав на располагање, само 13 фудбалери биле квалитетни а другите просечни.

Кориере дело Спорт сега пренесува дека срамниот пораз во Норвешка ќе предизвика чистка во тимот, „специјалниот“ прешкртал неколку играчи. Жозе Мурињо особено бил разочаран од Мајорал, Виљар, Диавара, Рејнолсд и Кумбула, сметал дека овие биле најлоши на теренот.

Па за овие петмина ќе нема иднина на Олимпико и ќе се направи напор тие да заминат уште во јануари. Исклучок може да има за Кумбула поради малиот број на централни дефанзивци, како и честите повреди на Смолинг.

Има многу прашалници и за перформансите на Калафиори, но неговата иднина е поврзана со ситуацијата на Спинацола, кој се опоравува од повредата на Ахиловата тетива.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе