Португалецот утре на мегдан со Манчестер јунајтед

Мурињо камбекот на Олд Трафорд го најави со цитат од Мандела: Јас не губам, или победувам или учам

Жозе Мурињо не очекува жесток пречек од фановите на Манчестер јунајтед, но прифаќа дека веднаш штом ќе почне натпреварот тој ќе биде противник и целата поддршка од стадионот ќе биде за Солшер и „ѓаволите".

Речиси една година по добиениот отказ од Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо се враќа на „Театарот на соништата“ како тренер на Тотнем. Португалецот вели дека имал добар однос со навивачите на „ѓаволите“ но свесен е дека тоа ќе биде заборавено штом судијата ќе означи старт на мечот.

„Не сум негативец, не сум непријател но сум тренер кој се обидува да победи против Манчестер јунајтед и мислам дека фановите ќе ме гледаат така. Солшер е човекот кој се обидува да донесе победа и навивачите на Манчестер јунајтед ќе му дадат поддршка нему, а не на мене. Очекувам убава реакција кон мене пред почетокот на мечот, но кога ќе започне дуелот, поддршката ќе биде за Солшер. По првиот свиреж на судијата, тие ќе заборават на мене и ќе се обидат да му помогнат на својот тим да обезбеди добар резултат“ - вели Жозе Мурињо.

„Ѓаволите“ се мачат со формата, новинарите побараа мислење од Португалецот за сегашната ситуација во клубот, но тој не сакаше да навлегува во анализа.

„Манчестер јунајтед за мене е затворено поглавје. Го напуштив клубот, доста време искористив за да процесирам што се случи. Потоа се фокусирав на тоа како да се подготвам за следната работа“.

„Искрено, Манчестер јунајтед веќе е во мојата книга со искуство, во книгата за историја. Како што велеше господинот Нелсон Мандела, „Никогаш не губите. Или победувате или учите“. Во Манчестер јунајтед јас и победував и учев. Не е моја задача сега да го анализирам Манчестер јунајтед. Можам да го анализирам само како противник, како тие играат, што треба да направиме за да ги победиме, како тие можат да не победат и сл.“.

Португалецот потоа беше запрашан за ситуацијата на тројцата играчи кои ги одработуваат последните месеци од договорите.

„Нема да дискутирам за индивидуални работи. Доколку ви кажам дека не сум зборувал со г-дин Даниел Леви за Ериксен, Алдервирелд и Вертонген, би ве излажал. Па, да сум зборувал со г-дил Леви за тоа“.

„Во исто време, зборувам и со фудбалерите, со сите нив. Зборуваме и се обидуваме да го разбереме секој детал но тоа не е нешто што би го дискутирал во јавноста“.

„Важно е што тие навистина се големи професионалци, имаат многу добар однос со Тотнем, неверојатно разбирање за тоа што е овој клуб и што ни треба од нив“.

„Па, сите тројца се подготвени за игра, сите тројца се подготвени да заборават на ситуацијата со договорите“.

„И тоа ми е најважна работа во моментов бидејќи сме во три натпреварувања. И овие момци се големи фудбалери и луѓе на Тотнем. Им верувам“.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе