Лига Европа квалификации

Мурињо: Како што ми кажа Пандев, така и беше

Жозе Мурињо вели дека се случило токму тоа што му го кажал Пандев, Тотнем ќе победи но нема да му биде лесно. 

Тотнем се пласираше во плејфот од Лига Европа, но Шкендија пружи силен отпор. Во дел од мечот англискиот тим се мачеше, не им беше сеедно кога тетовци изедначија на 1-1. Мурињо требаше да ги внесе Кејн и Лукас за да дојдат до победата.
 
„Пандев пред некој ден ми кажа дека ќе победиме, но нема да ни биде лесно, така и излезе на крајот“, откри Жозе Мурињо на прес конференцијата после мечот.
 
„Убаво е кога ќе се победи на три меча по ред надвор од дома. Сон одигра одличен меч, не му беше лесно да игра како напаѓач, тоа не е негова позиција, но откако влезе Кејн се врати на своето место и тоа се покажа како клучно. Неговиот гол беше многу важен“.
 
„Почнавме добро, мислевме дека со голот на Ламела ќе го скршиме противникот, игравме добро од 41. минута, а потоа работите станаа малку комплицирани за нас. Ми се допадна како замените кои ги направивме го променија текот на мечот, како реагираше тимот“.
 
„Шкендија одигра одличен меч, тренерот добро си ја заврши работата. Се виде дека се добар тим“.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе