Нема место за двајца големи напаѓачи

Мурињо ја отфрли можноста за ангажман на Златан: Го имаме Кејн, не ни треба друг

Жозе Мурињо ја отфрли шансата за ангажман на Златан Ибрахимовиќ во Тотнем, вели дека немаат потреба од Швеѓанецот бидејќи во тимот го имаат Хари Кејн. 

Ибрахимовиќ кој претходно работеше со Мурињо во Интер и Манчестер јунајтед, се поврзува со трансфер во Тотнем во јануари. Но Мурињо ги негира таквите гласини.
 
„Нема шанси тоа да се случи. Ние го имаме најдобриот напаѓач во Англија. Еден од топ два или три напаѓачи во светот“, вели Мурињо.
 
„Немаат логика ваквите шпекулации, бидејќи Златан е многу важен играч кој и покрај годините може да игра во било кој клуб во светот, па нема смисла да доаѓа во клуб каде што го имаме Хари Кејн“.
 
И навистина нема логика, и Хари Кејн и Златан Ибрахимовиќ не се играчи кои би ја грееле клупата

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе