Португалецот сега е слободен тренер

Мурињо ја добил првата понуда за нова работа

Жозе Мурињо би можел брзо да се врати на работа, од Шпанија стигнува информација дека Валенсија го контактирала Португалецот.

Мурињо доби отказ од Тотнем и сега е слободен тренер. Повеќе од јасно е дека Португалецот нема да остане во Премиерлигата бидејќи едноставно таму во моментов нема клуб кој би го ангажирал. Најверојатните опции се враќање во Шпанија или Италија.

Според шпанските медиуми, сопственикот на Валенсија, Петер Лим го контактирал Мурињо за можно враќање во Ла Лига.

Информациите велат дека на Мурињо му се допаднал првичниот разговор и тој во наредните денови ќе отпатува во Валенсија на подетални разговори.

Во моментов тренер на Валенсија е Хави Гарсија но се очекува тој да биде сменет по крајот на сезоната.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе