Данецот ќе игра против Вотфорд овој викенд

Мурињо: Интер нема доставено понуда за Ериксен, не ми јасно од каде е нивниот оптимизам

Жозе Мурињо нема информации дека Кристијан Ериксен е пред трансфер во Интер, вели дека Данецот ќе игра против Вотфорд овој викенд и не му е јасно од каде е оптимизмот на „нероаѕурите" бидејќи тие се уште немаат доставено понуда.

Агентот на Кристијан Ериксен синоќа беше во Милано на разговори со раководството на Интер и беше уловен на вечера со генералниот директор Бепе Марота. Ваквиот развој на настаните само придонесе гласините за трансфер на Данецот на Џузепе Меаца да станат погласни.

Жозе Мурињо денеска беше запрашан до каде е работата, тренерот на Тотнем вели дека не му е јасно од каде е тој оптимизам на луѓето од Интер со оглед на тоа дека се уште немаат испратено понуда.

„Треба да ги прашате луѓето од Интер и неговиот агент, знаат повеќе од мене. Доколку тие се убедени, веројатно е така бидејќи се подготвени да испратат понуда, но до овој момент нема ништо. Ме чуди тој оптимизам, не знам од каде доаѓа. Веќе неколку натпревари се пишува „ова е негов последен“ но тој продолжува да игра и ќе игра и против Вотфорд“ – вели „специјалниот“.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе