Премиерлига

Мурињо имаше непријатно враќање на Олд Трафорд, Тотнем загуби од Манчестер јунајтед (ВИДЕО)

Жозе Мурињо со наведната глава си замина од Олд Трафорд откако неговиот Тотнем загуби од Манчестер јунајтед со 2-1, Рашфорд беше херој на мечот. 

Фудбалерите на Манчестер јунајтед како да беа дополнително мотивирани од доаѓањето на нивниот поранешен тренер, одиграа одличен меч и заслужено дојдоа до голем триумф.
 
Резултатот беше отворен уште во шестата минута кога Рашфорд погоди за водство на Манчестер јунајтед од 1-0.
 
И покрај водството тимот на Солшер доминираше и создаваше шанси за поголемо водство, но на пет минути до крајот на првото полувреме Деле Али даде гол за израмнување на 1-1.
 
Но брзо во вториот гол Манчестер јунајтед го врати водството, во 49. минута Рашфорд од пенал погоди за 2-1 што беше и конечен резултат.
 
Манчестер јунајтед заслужено победи и го помина Тотнем на табелата.
 
Челси со 2-1 ја совлада Астон Вила, Абрахам и Маунт ги постигнаа головите за Сините, Трезеге стрелаше за гостите.
 
Лестер со голови на Варди и Медисон со 2-0 го победи Ватгорд.
 
Саутемптон со 2-1 го победи Норич, а Волвс со 2-0 беше подобар од Вест Хем.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе