Жозе има нов прекар за Аргентинецот

Мурињо го величи Меси: Ливерпул одигра храбро, но Богот на фудбалот ја направи разликата!

Жозе Мурињо го поздрави начинот на кој Ливерпул вчера играл на Камп Ноу, но вели дека разликата ја направил Лео Меси, кого го наречи Богот на фудбалот.

„Црвените“ се на прагот на елиминација откако загубија со 3-0 на гостувањето кај Барселона во првиот меч од полуфиналето, но Јирген Клоп немаше многу замерки за своите играчи и истакна дека е горд на она што го видел.

Ливерпул беше рамноправен противник, на стартот од вториот дел и создаде многу проблеми на Барса и имаше неколку шанси за 1-1. Но откако не ги искористи приликите, на сцена стапи Лео Меси кој со два погодока донесе убедлива победа за Барселона.

Жозе Мурњо за Раша Тудеј даде свој коментар, верува дека клубот од Енфилд заслужил повеќе, и додава дека разликата ја направил Лео Меси, кого го нарече Бог на фудбалот.

„Ливерпул одигра храбро. Во последните 20 години нема многу тимови кои успеале да имаат поголем посед од Барселона на Камп Ноу во Лигата на шампионите. Обично „каталонците“ доминираат пред своите фанови, но не беше така вчера“ – вели „Специјалниот“.

„Но Богот на фудбалот ја направи разликата. Секако, тие има добар тим, феноменални фудбалери, но тој играч (Лео Меси) е апсолутно неверојатен“.

„Ливерпул заслужи многу повеќе од поразот од 3-0, но во исто време со последните два корнери лесно можеше да загуби и со 4-0 или 5-0“.

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе