Португалецот импресиониран од условите за работа

Мурињо го одработи првиот тренинг во Тотнем и го даде првото интервју: Ќе ја вратам насмевката кај навивачите

Жозе Мурињо попладнево го одржа првиот тренинг во Тотнем а кратко потоа го имаше и првото интервју, „специјалниот" не сакаше да говори какви се шансите за топ четири пласман но порача дека ќе ја врати насмевката кај навивачите.

„Специјалниот“ се врати во Премиерлигата, утрово беше именуван за нов предводник на Тотнем откако доцна синоќа Маурисио Покетино заработи отказ. Жозе Мурињо сега го имаше првото интервју како тренер на „спарси“, кажа какви се амбициите за оваа сезона и што може да им вети на навивачите.

„Не можам да бидам посреќен и со нетрпение го чекам предизвикот. Што можам да ветам? Пасија, вистинска пазија. Пасија за мојата работа, но и пасија за мојот клуб. Вака работам цела кариера, и ќе го дадам максимумот за да им донесам среќа и насмевка на сите оние кои се вљубени во Тотнем“ – вели Португалецот.

„Што се однесува до Премиерлигата, сите знеме дека не ја заслужуваме позицијата на која се наоѓаме (спарси се 14-ти на табелата со 20 бода заостанување во однос на лидерот Ливерпул). Треба да одиме чекор по чекор, натпревар по наптревар, да победиме на следниот меч, па на следниот, па на тој потоа и се така до крајот. На крајот од сезоната ќе видиме каде сме, но сигурен сум дека ќе бидеме на различна позиција од онаа на која сме сега“.

Тој исто така имаше и пофалби за новиот стадион на Тотнем кој чинеше една милјарда фунти, како и новиот тренинг комплекс.

„Мислам дека сте премногу скромни кога велите „убав стадион“. Треба да велите најдобриот стадион во светот. Тоа е реалноста“.

„Исто така, тренинг комплексот не заостанува зад ниту едно друго вакво здание. Може само да се споредува со тренинг центри од американски фудбал (НФЛ). Не може да се споредува со европскиот фудбал. Сум бил во најголемиот дел од најдобрите тренинг центри, но нема споредба со ова. Сите треба да сме горди на ова, на условите за работа кои се неверојатни“.

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе