„Специјалниот“ со критики за ФИФА

Мурињо: Флик освои пет титули, можеби требаше да се измислат уште две, па ако освоеше седум ќе беше прогласен за најдобар

Жозе Мурињо во свој стил го прокоментира изборот на ФИФА за тренер на годината, вели дека Баерн требал да измисли уште две-три натпреварувања за Ханси Флик да ја добие наградата, очигледно ПЕТ титули не се доволно.

ФИФА оваа недела ги доделуваше наградите „Д Бест“ и за тренер на годината беше прогласен Јирген Клоп. Предводникот на Ливерпул се заблагодари, но порача дека е изненаден од изборот.

Ханс Флик со Баерн Минхен сезоната ја заврши со тројна круна и триумф во Бундеслигата, Купот на Германија и Лигата на шампионите. Календарската 2020 беше збогатена со нови два трофеи, славје во Суперкупот на Германија и Суперкупот на Европа.

Изборот сега го прокоментира и Жозе Мурињо, кој во свој стил, иронично вели дека дека Баерн требал да измисли уште две-три натпреварувања за Ханси Флик да ја добие наградата, очигледно ПЕТ титули не се доволно.

„Мислам дека единствена шанса за Флик да ја добие наградата е Баерн ад измисли две-три натпреварувања на кои ќе победи. Можеби ако освои седум титули ќе има шанси за наградата, вака само со Лигата на шампиони, Бундеслигата, Купот на Германија, Суперкупот на Германија и Суперкупот на Европа... нема шанси“ – вели „специјалниот“.

„Кутриот Флик, може да биде најдобар тренер само ако Баерн успее да освои два-три трофеи повеќе“.

За најдобар тренер гласаат селекторите, капитените на репрезентациите, новинари ширум светот и навивачи. Во генералното бодување, Јирген Клоп и Ханси Флик биле во егал, двајцата имале по 24 бодови. Предвнодникот на Ливерпул сепак беше прогласен бидејќи добил повеќе гласови од селекторите.

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе