Не му се допаѓа правецот во кој одат работите

Мурињо е загрижен од ВАР: Човекот со свирче на теренот повеќе не е судија, сега е помошник

Жозе Мурињо не криеше дека е разочаран од одлуката да се поништи голот на Хари Кејн за 1-1 и смета дека фудбалот оди во погрешен правец со тоа што судиите од ВАР собата го имаат последниот збор.

На мечот помеѓу Шефилд јунајтед и Тотнем имаше скандалозна одлука откако ВАР го поништи голот на Хари Кејн со кој Тотнем веднаш одговори по водството на домаќините.

„Спарси“ загубија со 3-1, па Жозе Мурињо не го криеше разочарувањето и во свој стил „удри“ по ВАР и начинот на кој се носат одлуките.

„Обично сум прилично емоционален на клупата. Но не се жалам на човекот со свирчето... тој повеќе не е судија. Често не се согласував со одлуките, имав многу поплаки, одев да се расправам со четвртиот судија. Сега, човекот со свирчето на терен е помошник судија, а момците и девојките со знаменцата, тие се помошници на помошник судијата“ – вели Жозе Мурињо.

„Судијата сега е во канцеларија!’

„Мислам дека судијата треба секогаш да биде човекот на терен, а луѓето во канцеларијата да му даваат поддршка, да асистираат. Но работите не функционираат така. Одиме во правец кој е навистина лош за оваа убава игра во која сите сме вљубени“.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе