Заврши приказната на Португалецот на Олд Трафорд

Мурињо доби отказ од Манчестер јунајтед!

Заврши приказната на Жозе Мурињо во Манчестер јунајтед, Португалецот од денеска повеќе не е тренер на англискиот клуб, по две и пол години напушти кормилото на „црвените ѓаволи“.

Жозе Мурињо не успеа да ја заврши третата сезона на Олд Трафорд, Манчестер јунајтед му врачи отказ на Португалецот.
 
Мурињо имаше солидна прва сезона во која ја освои Лига Европа со Манчестер јунајтед и англискиот лига куп. Минатата сезона заврши на второто место во Премиерлигата, но оваа резултатите беа очајни.
 
Манчестер јунајтед е шести во Премиерлигата со 19 бодови помалку од лидерот Ливерпул од кој изгуби во неделата со 3-1.
 
Португалскиот стратег имаше и нарушени односи со неколку фудбалери меѓу кои со Пол Погба па атмосферата во тимот не беше на потребното ниво.
 
„Клубот сака да му се заблагодари на Жозе за неговата работа во Манчестер јунајтед и да му посака успех во иднина“, стои во соопштението на Манчестер јунајтед.
 
Тие ќе назначат привремен тренер до крајот на сезоната и ќе влезат во потрага по нов менаџер за новата сезона.
 
Мурињо од Челси доби отказ на 17. декември, а судбината сакаше од Манчестер јунајтед да биде избркан на 18. декември.

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе