Португалецот го доби обесштетувањето за раскинот на договорот

Мурињо доби 15 милиони фунти од Манчестер јунајтед, сега може да си бара и нова работа

Манчестер јунајтед му плати обесштетување на Жозе Мурињо за раскинатиот договор, сега Португалецот може да си бара нов ангажман.

Манчестер јунајтед уплати 15 милиони фунти на сметката на Жозе Мурињо, со што двете страни и правно го прекинаа својот однос.
 
Тоа значи дека Мурињо сега е слободен и може да потпише за друг клуб.
 
„Нема отворени прашања меѓу Мурињо и Манчестер јунајтед, се е решено. Жозе сега може да си бара друга работа, но нема да брза. Релаксиран е и со задоволство би чекал да крајот на сезоната ако треба за да најде нов ангажман“, изјавил извор близо до Мурињо за „Дејли Мејл“.
 
Една од опциите на Жозе Мурињо е враќање во Реал Мадрид кој не е во потребната форма под водство на Сантијаго Солари.

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе