Тоа би бил идеален клуб за Португалецот

Мурињо чека Почетино да добие отказ па тој да седне на клупата на Тотнем

Англиските медиуми пишуваат дека Жозе Мурињо сака да биде тренер на Тотнем.

Тотнем лошо ја почна сезоната, посебно катастрофална беше последнава недела во која примија десет гола, седум од нив беа од Баерн Минхен во Лигата на шампионите.
 
Маурицио Почетино се наоѓа пред отказ и доколку не се подобрат работите во наредните мечеви сигурно ќе биде сменет.
 
Жозе Мурињо е името кое се споменува како наследник на Почетино.
 
Тотнем би бил идеален клуб за Португалецот. Тој со неговата фамилија живее во Лондон, ја сака Премиерлигата, а газдата на клубот ги дели истите амбиции за успех како и Жозе.
 
Треба да бидам трпелив и да ја чекам вистинската шанса, а вистинската шанса е онаа која има исти амбиции и ниво на кое јас сум како тренер. Треба да чекам за да дојде една таква“, изјави Мурињо на почетокот од сезоната.
 
Тој се поврзуваше и со враќање во Реал Мадрид, но последните натпревари во Примера се добри за Зидан па кралскиот клуб нема да избрзува со отказ за Французинот. 
 
Судејќи според последните резултати Почетино е поблиску до излезната врата отколку Зидан.

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе