Нова магија на „дијамантот“

Му станува навика, Елмас мајсторски погоди од зад голот и на тренинг со Македонија (ВИДЕО)

Елиф Елмас изведе нова фудбалска магија, денеска погоди од зад голот и на арената „Тодор Проески" и тренингот на репрезентацијата на Македонија.

Фудбалските љубители изминативе години имале прилика да уживаат во мајсториите на фудбалските ѕвезди и нивните актрактивни обиди да погодат од зад голот.

Елиф Елмас покажа дека може да се носи рамо до рамо со нив, и минатиот месец од тренингот на Наполи се пофали со својата мајсторија.

Тој денеска изведе нова фудбалска магија и покажа што умее на арената „Тодор Проески“.На тренингот на репрезентацијата на Македонија, тој ја постави топката далеку зад голот и од многу тешка позиција успеа да ја затресе мрежата.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе