На крајот Пеп побарал прошка

„Му кажав на Гвардиола дека ќе ми се извинува бидејќи јас ќе му донесам успех а не Меси!

Поранешниот напаѓач на Барселона, Самуел Ето проговори за надоразбирањаа кои ги имаше со Пеп Гвардиола на Камп Ноу и откри дека на крајот добил прошка од стратегот.

Кога Пеп Гвардиола го превзеде кормилото на Барса во 2008, сакаше да го направи Лео Меси главен во форот, па побара од управаа да го продаде Самуел Ето.

Камерунецот сепак одби да го напушти клубот, остана на Камп Ноу и имаше значаен придонес во освојувањето на историската тројна круна со 30 погодока во Ла Лига и шест во Лигата на шампионите, помеѓу кои и оној во финалето против Манчестер јунајтед.

„Пеп целиот свој живот го помина во Барселона, но во годините кога јас бев во Барселона, тој не го разбираше тимот, не разбираше како групата живееше“ – вели Ето за беИН Спортс.

„Му кажав на Гвардиола дека јас, а не Меси, ќе донесе успех за него и Барселона. Му кажав дека ќе ми се извинува бидејќи јас ќе обезбедам победи“.

„Таква беше ситуацијата во тоа време. Меси ќе стане прв играч подоцна, можете да ги прашата Чави, Иниеста и другите, тоа беше моја ера“.

„На крајот испадна како што му кажав, јас донесов успех, па Пеп побара прошка“.

Самуел Ето веќе следната сезона беше продаден на Интер како дел од трансферот на Златан Ибрахимовиќ во Барселона. Камерунецот сепак не жали и вели дека ова ќе биде запаметено како една од најдобрите зделки во историјата бидејќи тој во 2010 со „нероаѕурите“ испиша нова историја и стигна до тројна титула.

„Денеска е јасно дека тој трансфер ќе биде запаметен во историјата бидејќи ми овозможи да станам уште поголем дел од фудбалската историја со Интер. Пеп овозможи Интер да ја направи најдобрата зделка во историјата на фудбалот“.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе