ПМФЛ

Мрежите мируваа на мечот меѓу Работнички и Шкендија, Шкупи искористи

Мрежите мируваа на дерби натпреварот меѓу Работнички и Шкендија, на овој резултат се израдува Шкупи кој го победи Силекс во Кратово, Академија Пандев ја совлада Македонија Ѓорче Петров со 2-1, а Вардар доживеа убедлив пораз кај Ренова од 3-0. 

Работнички и Шкендија ги поделија бодовите играјќи нерешено 0-0. Домаќините беа за нијанса подоминантни, но не ја искокристија таквата состојба на теренот. Мечот не изобилуваше со шанси.
 
Ваквиот резултат го искористи Шкупи кој со 1-0 го победи Силекс во Кратово. Голот го постигна Фреди Алварез од пенал на 12 минути пред крајот на мечот.
 
Академија Пандев под водство на Александар Васоски дојде до првиот триумф откако ја совлада Македонија ЃП со 2-1/
 
Домаќините поведоа рано, уште во 11. минута со гол на Радески, но по десет минути игра во вториот дел Божиновски изедначи на 1-1. На четири минути до крајот Крстовски погоди за победа од 2-1 и многу важни три бода во битката за опстанок.
 
Ренова лесно го победи Вардар со убедливи 3-0. Шефити го отвори мечот во 21. минута, а шест минути подоцна Селмани реализираше пенал за 2-0, тогаш црвен картон доби Мартин Величковиќ-Радуловиќ по што црвено-црните повеќе од еден час беа со играч помалку. По десет минути игра во второто полувреме Селмани постигна уште еден гол поставувајќи го конечниот резултат.
 
Пејаковиќ со гол во 92. минута донесе гостинска победа за Пелистер кај Струга Трим Лум од 1-0. Тоа беше и првиот пораз на тимот на Срѓан Захариевски на домашен терен.
 
Борец со 2-1 ја победи Беласица која изгледа тешко дека ќе се спаси и покрај ангажманот на Ѓоре Јовановски. Баша и Адили погодија за велешкиот тим, Митевски реализираше за Беласица.
 
Табела:
 
1. Шкендија 46
2. Шкупи 40
3. Македонија ЃП 35
4. Струга ТЛ 32
5. Работнички 29
6. Борец 29
7. Вардар 26
8. Пелистер 25
9. Силекс 23
10. Ренова 22
11. Академија Пандев 21
12. Беласица 12

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе