Лига Европа квалификации

Можните противници на Академија Пандев, Македонија ЃП и Шкупи во квалификациите од ЛЕ

Нашите претставници во квалификациите од Лига Европа ги дознаа своите можни противници во пресрет на ждрепката. 

Утре во Нион ќе се одржи ждрепката за првото квалификациско коло од Лига Европа, а УЕФА денеска ги подели екипите во групи и тие ги дознаа своите можни противници.
 
Академија Пандев е меѓу неносителите во групата 5, за можни противници ќе ги има Фехервар (Унгарија), Зрињски (БИХ), Шахтер Солигорск (Белорусија), Нефчи (Азербејџан) и Левски Софија (Бугарија).
 
Македонија Ѓорче Петров е неносител во групата 6, за можни противници ги има Спартак Трнава (Словачка), Жалгирис Вилнус (Литванија), Фола Еш (Луксембург), Алашкерт (Ерменија) и Олимпија Љубљана (Словенија).
 
Шкупи е неносител во групата 9, а како можни противници ќе ги има Хапоел Бер-Шева (Израел), АЕК Ларнака (Кипар), Домжале (Словенија), Пјуник (Ерменија), Сабаил (Азербејџан) и Будуќност Подгорица (Црна Гора).

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе