Директорот Паратичи е под истрага

Може ли Јувентус да заврши во Серија Б поради „случајот Суарез“?

Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи е под истрага за „случајот Суарез", обвинителството вели дека „старата дама" на највиско институционално ниво раболела на забрзување на процесот со кој Луис Суарез требал да добие италијански пасош.

Луис Суарез минатото лето беше инволвиран во скандал откако се дозна дека предвреме му биле дадени прашањата и одговорите за тестот за познавање на италијански јазик кој го направи на Универзитетот во Перуџа како дел од процесот за добивање италијански пасош.

Денеска, обвинителството од Перуџа соопшти дека се суспендирани четворица вработени во универизтетот, ректорот Џулијана Грего, генералниот извршен директор Симоне Оливиери, како и професорите Стефанија Спина и Лоренцо Роко.

Обвинителството исто така соопшти дека истрагата покажала дека Јувентус, на највиско институционално ниво се обидел да го забрза процесот со кој Луис Суарез требал да добие италијански пасош.

Од таборот на „старата дама“ потврдија дека под истрага е спортскиот директор Фабио Паратичи.

Медиумите од „чизмата“ веднаш почнаа да пишуваат дали може да има последици и по Јувентус, со оглед на тоа дека истрага има отворено и Фудбалската федерација на Италија.

Спортмедиасет вели дека многу работи зависат од членот 32, параграф 7 од федералниот код, кој е креиран по случајот „Пасапортополи“ од 2001 и е наменет за да се спречат малверзации со државјанствата.

Казните варираат во зависност од тоа колку е сериозен прекршкот, може да се изрече парична глоба, одземање на бодови па и преселба во ранг подолу.

Тешко е замислува дека Јувентус одново ќе биде испратен во Серија Б, и се верува дека „старата дама“ ќе помине само со парична глоба.

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе