Мурињо може повторно да гостува во Скопје

Мотив плус: Тотнем можен противник на Шкендија, Галатасарај на Ренова, Легија на Силекс

Попладнево во Нион беше извлечена жрепката за третото коло од Лига Европа, Шкендија за можен противник го доби Тотнем, Ренова може да игра со Галатасарај а Силекс со Легија.

Жозе Мурињо повторно може да гостува во Македонија, овој пат со Тотнем. „Спарси“ се можни противници на Шкендија во третото коло од Лига Европа.

Доколку „црвено-црните“ од Тетово слават на гостувањето кај Ботошани, а Тотнем не киксне кај Локомотив Пловдив, Шкендија ќе го пречека гигантот од Северен Лондон на 24. септември.

Атрактивен противник доби и Ренова, односно потенцијално гостување кај турскиот великан Галатасарај. Доколку „гипсарите“ испаднат како подобри од Хајдук, а „жолто-црвените“ слават кај Нефчи, тогаш Ренова ќе гостува во Истанбул.

Силекс исто така доби силен противник, доколку ја помине Дрита, ќе гостува во Полска кај Легија.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе