Новиот тренер на Џенова со пофалби за Македонецот на првиот прес

Мота: Пандев е голем играч, важен елемент за групата, мило ми е што го имам

Новиот тренер на Џенова, Тијаго Мота имаше многу пофални зборови за Горан Пандев на денешната прес конференција на која се претстави и ги кажа своите идеи за популарните „рособлу".

Серијата лоши резултати придонесе Џенова да го менува тренерот, Аурелио Андреацоли доби отказ а на негово место беше именуван Тијаго Мота, кој не може да се пофали со големо искуство. Бразилецот со италијански пасош по крајот на кариерата кратко работеше со У19 тимот на ПСЖ и од малото време поминато како тренер најмногу се памети неговата изјава дека сака да игра во формација 2-7-2.

Тој денеска се појави пред новинарите, ги кажа своите идеи и што очекува од фудбалерите на Џенова.

„Голема чест ми е што се вратив, ова е огромна шанса. Доволно беше со Прециози (првиот човек на Џенова) да се погледнеме во очи за да се договориме. Ситуацијата е тешка, но убеден сум дека со напорна работа ќе можеме да излеземе на прав пат. За овој дрес, секој ден мораме да го даваме максимумот“ – вели Тијаго Мота.

„Имам многу идеи, но најважно е момците да мислат само на фудбал и како тоа да го остават срцето на терен. Во очите на играчите гледам дека се подготвени за предизвикот“.

„Моите зборови за тактиката 2-7-2 секој може да си ги протолкува како сака. Кога го кажав тоа, сакав само да нагласам дека бројките и не се толку важни. Според мене, се е релативно. Можете да играте со петмина во одбраната, но да бидите прилично офанзивни доколку овие играчи се проактивни“.

Тијаго Мота потоа доби прашање за Горан Пандев, со кого играше во Интер и заедно беа дел од составот кој испиша историја и ја освои тројната круна.

„Пандев беше, и се уште е голем играч. Мило ми е што го имам во составот. Тој има одличен карактер и играч како него е важен елемент за секоја група фудбалери“.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе