Младиот стратег нема да ја води „фуријата“ на Европското првенство

Морено со солзи во очите се збогувал со играчите во соблекувалната, Шпанија го враќа Луис Енрике

Роберт Морено нема да ја предводи Шпанија на Европското првенство, младиот стратег ќе го напушти кормилото на репрезентацијата и се најавува враќање на Луис Енрике.

По крајот на успешните квалификации кои беа заокружени со убедлива победа од 5-0 над Романија, во Шпанија топ тема е иднината на Роберт Морено. Уште за време на дуелот во Мадрид почнаа да кружат гласини дека младиот стратег ќе добие отказ и нема да ја предводи „фуријата“ на Европското првенство, а по крајот на мечот, речиси сите пишуваат дека тој заминува.

Одредени медиуми велат дека Роберт Морено на играчите им соопштил каква е одлуката на ФФШ и со солзи во очите се збогувал. Се очекуваше тој ова да го потврди на пресот, но не се појави на редовната средба со новинарите.

Се најавува дека Луис Енрике ќе се врати и ќе ја предводи Шпанија на континенталниот собир. Поранешниот тренер на Барса и Рома беше на чело на репрезентацијата до пред неколку месеци, но мораше да се повлече поради болеста на својата ќерка, која за жал ја загуби битката со ракот и почина.

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе