Јувентус добро се испоти за да го победи Ференцварош кој имаше и водство во Торино. Гостите поведоа со гол на Узуми уште во 19. минута од мечот.
Во 35. минута Кристијано Роналдо изедначи на 1-1, се чинеше дека наскоро ќе дојде и водството, но втор гол никако не паѓаше.
Дури во 92. минута Алваро Мората постигна гол за комплетен пресврт и победа на Јуве од 2-1.
Барселона без Меси со убедливи 4-0 победи на гостувањето кај Динамо Киев, сите погодоци беа постигнати во вториот дел. Двапати погоди Бретвајт, по еднаш Дест и Гризман.
Убедлив беше и Манчестер јунајтед кој со 4-1 славеше над Башакшехир, Бруно Фернандеш погоди двапати, по еднаш Рашфорд и Џејмс.
ПСЖ со гол на Нејмар од пенал го победи Лајпциг со 1-0.
Борусија Дортмунд со 3-0 го совлада Клуб Бриж, два гола на Халанд и еден на Санчо.
Триумф од 3-1 на Лацио против Зенит. Имобиле даде два гола, еден Пароло. Погодокот за рускиот тим беше дело на Ѕуба.
Претходно Челси со 2-1 славеше кај Рен, со истиот резултат Севиља победи кај Краснодар.