Серија А

Мората влезе и погоди, Роналдо до голот број 20, Јуве ја совлада Специја (ВИДЕО)

Јувентус со 3-0 ја совлада Специја, Алваро Мората влезе од клупата и погоди, Киеза зголеми на 2-0 а Кристијано Роналдо во финишот стави точка на натпреварот.

Андреа Пирло имаше многу проблеми со повредите во пресрет на дуелот со Специја, на загревањето остана и без Де Лихт, но Јувентус без многу проблеми стигна до трите бода.

Отпорот на гостите беше скршен по еден час игра, Алваро Мората влезе од клупата и веднаш погоди за 1-0.

Десетина минути подоцна, Киеза зголеми на 2-0 за во финишот од мечот Роналдо од врвот на шеснаесетникот со лева да погоди за 3-0.

Ова беше погодокот број 20 на ЦР7 оваа сезона во Серија А, па тој сега може да се пофали дека постигнува 20+ погодоци во последните 12 сезони.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе