Капитенот на Леванте

Моралес: Сакам Барди да остане, тој е важен играч за нашиот тим

Капитенот на Леванте се огласи за шпекулациите кои ги поврзуваат најдобрите нивни фудбалери со заминување од клубот. 

Барди игра одлична сезона во Леванте, тој е мета на Арсенал, но неговото име се поврзува со уште неколку екипи како Фиорентина, Ајнтрахт, Штутгарт, Фенербахче и Галатасарај.
 
Покрај Барди интерес има и за Кампања и Аитор, па капитенот на Леванте, Хозе Моралес од шпанските медиуми беше запрашан што мисли за нивната ситуација.
 
Разбирам ако тие сакаат да си одат, бидејќи сите тројца имаат одлична сезона и се многу значајни играчи за нас. Како капитен би сакал сите тројца да останат, би било штета доколку ги загубиме. Но таков е фудбалот, кога перформансите на играчот се зголемуваат, нормално е клубови од повисоко ниво да почнат да се интересираат за него“, вели Моралес.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе