Клубот од Норвешка добро ќе се офајди

Молде му честиташе на Солскјер и потврди дека добиле компензација од Манчестер јунајтед

Директорот на Молде, Нерланд му честиташе на Оле Гунар Солскјер за тригодишниот договор и потврди дека тие ќе добијат компензација од Манчестер јунајтед за тоа што стратегот продолжува на Олд Трафорд.

Норвежанецот во декември го наследи Жозе Мурињо но беше најавен само како привремено решение. Лидерите на Манчестер јунајтед тогаш во мислите имаа други позвучни имиња како Маурисио Покетино, Зинедин Зидан и Макс Алегри.

Сепак, Оле Гунар Солскјер ги препороди „ѓаволите“, клубот се врати во битката за топ четири и покрај големото заостанување а успеа и да се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите со чудесна победа во Париз.

Па по серијата добри резултати, Манчестер јунајтед реши да му укаже доверба на стратегот и да го награди со три годишен договор. Ваквите вести значат дека Молде ќе добие неколку милиони. Директорот на клубот од Норвешка, Нерланд потврди дека тие ќе добијат компензација, но не сакаше да говори за конкретни бројки.

„Ова е навистина фантастично за Оле. Се надеваме дека авантурата ќе биде добра и за него и за Манчестер јунајтед. Сакам да му честитам“ – вели Нерланд.

„Не знаевме дека ќе биде именуван за нов тренер се до утрово. Судејќи според резултатите, кои беа импресивни, одлуката не е изненадување“.

„Што се однесува до договорот помеѓу нас и Манчестер јунајтед, нема да откриваме детали. Можам да потврдам дека добивме компензација, но нема да коментирам за тоа колкава е сумата“.

Според пишувањата на медиумите, Манчестер јунајтед на Молде му платил 1,8 милиони фунти за тоа што го позајми стратегот до крајот на сезонаа, и сега ќе им исплати додатни 7,2 милиони фунти за тоа што Солскјер ќе го продолжи престојот на Олд Трафорд и нема да се врати во Норвешка.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе