Формула 1

Моќно издание на Хамилтон на дождот во Австрија, Ферари одново очаен

Луис Хамилтон ќе стартува од пол-позиција откако попладнево имаше моќно издание на дождот во Австрија, Ферари одново разочара, Себастијан Фетел ќе стартува како 10-ти а Шарл Леклер како 11-ти.

Дождот во Австрија донесе возбудливи квалификации во кои Луис Хамилтон стигна до пол-позиција со моќно издание.

Провизорната пол-позиција се менуваше често, за во последните минути да се издвојат Луис Хамилтон и Макс Верстапен. Британецот прв зададе удар со време од 1:19.702. Младиот Холанѓанец се обиде да возврати, но во намерата да вози што побрзо, загуби контрола во последниот дел од патеката и излета.

Луис Хамилтон потоа покажа зошто изминативе години доминира во Формула 1, извозе уште еден одличен круг и дополнително се подобри за половина секунда со време од 1:19.273.

Последното место на пиедесталот му припадна на Карлос Саинц, додека победникот од минатата недела, Валтери Ботас мораше да се задоволи со старт од позицијата број четири.

Потоа следуваат Естебан Окон, Ландо Норис, Алекс Албон, Пјер Гасли, Даниел Рикиардо и Себастијан Фетел.

Шарл Леклер испадна уште во втората рунда и утре ќе стартува како единаесети за уште едно очајно издание на Ферари во квалификациите.

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе