Бундеслига

Моќна партија на Волфсбург во Леверкузен, „фармацевтите“ четири пати ја вадеа топката од мрежата (ВИДЕО)

Волфсбург дојде до изненадувачки висока победа на гостувањето кај Баер Леверкузен од 4-1, реми со шест гола одиграа Ајнтрахт и Фрајбург, немаше погодоци на мечот во Бремен. 

EPA-EFE/MARIUS BECKER
Денеска се одиграа четири натпревари од Бундеслигата, а домаќините не забележаа ниту една победа. Колото почна со дербито во Дортмунд каде Баерн со 1-0 ја победи Борусија Дортмунд.
 
Баер Леверкузен кој до денес се наоѓаше во одлична форма, доживеа вистински дебакл на свој терен од Волфсбург.
 
Понграчиќ ја отвори и ја затвори серијата за Волфсбург, а голови постигнаа и Арнолд и Штефен. 
 
Фармацевтите беа на прагот да го доживеат највисокиот пораз на свој терен, но во финишот од мечот Баумгартлингер го ублажи резултатот на конечни 1-4.
 
Најмногу голови денеска имаше во Франкфурт каде Ајнтрахт во финишот се спаси од пораз против Фрајбург.
 
Гостите имаа предност од 3-1, но во 79 и 82 минута домаќините дадоа два гола преку Камада и Чандлер и израмнија на 3-3.
 
Најсиромашно беше во Бремен каде Вердер и Менхенгладбах одиграа без голови.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/MARIUS BECKER

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе