Премиерлига

Моќен перформанс на Арсенал против Астон Вила (ВИДЕО)

По двете нерешени средби во низа, Арсенал им се врати на победите откако со 3-1 ја совлада Астон Вила. 

Арсенал одигра доминантен натпревар против Астон Вила, тимот на Артета особено изгледаше моќно во првото полувреме.
 
Резултатот беше отворен во 23. минута кога Томас Парти го постигна својот деби гол за Арсенал и донесе водство од 1-0.
 
Пред самиот крај на првото полувреме беше досуден пенал за Арсенал по фаул врз Лаказет. Мартинез прво му одбрни на Обамејанг, но топката стигна до напаѓачот кој не погреши од втора за водство од 2-0.
 
Астон Вила тргна поофанзивно во второто полувреме, па Арсенал преку една контра постигна гол преку Смит Роу за 3-0.
 
На десетина минути пред крајот Џејкоб Ремзи постигна прекрасен гол за Астон Вила, погоди во аголот за конечни 3-1.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе