Серија А

Моќен меч на Наполи против Аталанта, дадоа четири гола за 20 минути (ВИДЕО)

Наполи славеше убедлива победа над Аталанта со 4-1, ново големо засилување Осимен го постигна својот деби погодок за Наполитанците. 

Тимот на Гатузо кој беше казнет откако не отпатува на гостувањето кај Јувентус, со прекрасна партија против Аталанта ја продолжи сезоната.
 
Се очекуваше неизвесен меч, но тоа не беше случај, во рок од 20 минути во првото полувреме Наполи постигна четири гола и на крајот победи со 4-1.
 
Серијата погодоци почна со блесок на Лозано кој погоди во 23. и 27. минута, потоа во 30. минута следуваше прекрасен гол на Политано, а четвртиот гол го даде Осимен во 43. минута. Тоа беше негов прв официјален во дресот на Наполи.
 
Аталанта од која се очекуваше многу повеќе на овој меч, до крајот успеа само да намали преку Ламерс во 69. минута.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе