По стапките на Роналдо и Меси

Модриќ прифати затворска казна од осум месеци

Лука Модриќ по примерот на другите фудбалери, призна дека затајувал данок и прифати затворска казна од осум месеци која ќе ја одлежи условно. 

Модриќ беше обвинет дека затаил данок во висина од 870.728 евра, пари кои ги заработил од имиџ права. Парите ги примал во фирма која ја отворил во Луксембург со цел да избегне оданочување во Шпанија.
 
Тој фирмата ја крстил Ивано според неговиот син, а била водена од неговата сопруга Вања. Во 2013 затаил 290.990 евра, а во 2014 579.738 евра.
 
По примерот на другите големи фудбалери како Кристијано Роналдо и Лео Меси, Модриќ ја призна вината и доби осум месечна казна затвор која нема да ја одлежи зад решетки. Тој ќе плати и 40% од штетата, односно 348.291.
 
За казните од две или помалку години законот во Шпанија дозволува осудените лица ако ова им е прво крвично дело да не мора да отидат во затвор, туку да си ја откупат казната. 250 евра е еден ден, па Модриќ ќе треба да плати 60.000 евра.

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе