Белгиецот го доби легендарниот број на Роналдо, Раул...

Модриќ не му ја даде „10-ката“ но Маријано немаше некој избор, Реал му ја додели „7-ката“ на Азар (ФОТО)

Реал Мадрид му го зеде дресот со бројот 7 на Маријано Диаз и му го додели на Еден Азар, бројка доби и Хамес Родригез, кој не е дел од плановите на Зинедин Зидан.

Кога Еден Азар беше промовиран како нов фудбалер на Реал Мадрид, изјави дека не знае кој дрес ќе го носи во новата сезона. „10-ката“ е на грбот на Лука Модриќ, Белгиецот го прашал дали може да ја добие но добил негативен одговор.

Се најавуваше дека бројот 7 ќе му припадне на Еден Азар, но и овој дрес беше окупиран и беше во сопственост на Маријано Диаз.

Еден Азар на подготовките изненади со изборот и се реши за дресот со бројот 50, но очигледно ова беше само за промотивни цели на турнејата во САД.

Реал Мадрид попладнево ги соопшти броевите за новата сезона и Еден Азар ја доби легендарната „7-ка“ која претходно ја носеше Кристијано Роналдо.

Број доби и Хамес Родригез, кој не е дел од плановите на Зинедин Зидан и се очекува да замине. На Колумбиецот му припадна бројот 16.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе